Вест Хем денеска официјализираше уште еден богат трансфер, откако лондонскиот премиерлигаш се согласи да плати вкупно 60 милиони евра за да го осигура потписот на Луис Пакета. Бразилскиот плејмејкер пристигнува од редовите на Лион, францускиот клуб според договорот ќе добие загарантирани 43 милиони евра, додека останатите 17 милиони се врзани со неколку клаузули.
Сепак, овие пари нема целосно да легнат на парите на Лион ако се знае дека добар дел ќе заврши и на сметката на Лион. „Росонерите“ во договорот за продажба на Пакета во Лион вметнаа и клаузула за 15% од следниот трансфер на Бразилецот, што во случајов изнесува нецели 6,5 милиони евра, уште еден одличен бизнис потег на актуелниот италијански шампион.
„Пресреќен сум што сум овде, доаѓам во клуб што лани имаше одлична сезона и искрено верувам дека годинава можеме да бидеме уште подобри“, изјави Пакета по потписот на петгодишниот договор со „чеканите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА