Од ѕвездите до амбисот за неколку дена: Ја растури Барса, а сега Атлетико доживеа дебакл од Рајо (ВИДЕО)

Само неколку дена откако ја понижи и убедливо ја порази Барселона во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Шпанија со 4-0, Атлетико Мадрид денеска доживеа бламажа во натпреварот во Ла Лига, и е поразен од Рајо Ваљекано со 3-0.

Рајо во голема мера дојде до победата во последните пет минути од првиот дел, кога постигна два гола. Најпрво во 40. минута Перез успеа да погоди, а потоа во 45. минута во мрежата на Облак стрелаше и Валентин.

Менди во 76. минута го постигна третиот гол, што беше и конечен резултат, комплетирајќи ја целосната бламажа на Атлети.

Се вчитува...