Кошаркарите на Босна и Херцеговина ги започнаа подготовките за квалификациите за Евробаскетот, а селекторот Адис Беќирагиќ се најде во голем проблем.
Откако Џон Роберсон отпадна поради повреда, Беќирагиќ остана со Един Атиќ како единствен плејмејкер, а планирал да го користи и неговиот соиграч од Игокеа Коста Кондиќ. Сепак, 23-годишникот ја одбил поканата на Беќирагиќ наведувајќи како причина дека имал уплатено одмор во Лондон.
Кошаркарите на БиХ ги отвораат квалификациите за Евробаскетот со мечот во Никозија против Кипар на 23. февруари, додека три дена подоцна ќе ја пречекаат Франција во Тузла.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

