Одбиен од „апелација“: Робињо девет години во затвор

Робињо е многу блиску до одлежување на затворска казна од девет години, откако италијанскиот апелационен суд ја потврди првичната пресуда поради групното силување на девојка, извршено од Робињо и петмина негови пријатели во јануари 2013 година. Млада Албанка го обвини Робињо и неговите пријатели за силување, уште пред неколку години беше донесена пресуда против познатиот фудбалер, кој се надеваше дека преку апелација ќе успее да го реши проблемот.

Сепак, одлуката на Апелацискиот суд не оди во прилог на Бразилецот. Неговата одбрана поднела документ од 65 страници, со 19 анекси и четири различни студии, но не успеала да докаже дека девојката по своја желба имала секс со шестмина мажи.

Робињо сега има право на уште една жалба до највисокиот италијански суд, но во меѓувреме се очекува италијанските власти да побараат од бразилската полиција фудбалерот да остане во домашен притвор. Останува да се види како ќе се одвива правната завршница, особено ако се знае дека Бразил нема закон за екстрадиција на свои државјани во други држави. Дури и доколку одлуката стане правосилна, италијанските власти можат да побараат меѓународен налог за апсење, но тој ќе се однесува само на земјите од ЕУ.

Конкретно, доколку Робињо остане во татковината, ќе остане заштитен без оглед на правосилната пресуда против него. Доколку во било кој момент до крајот на животот реши да дојде во Европа, ќе биде уапсен и одведен во Италија, каде би ја одлежал затворската казна.

Голгетерот се соочува со проблеми да најде клуб, беше пред потпис со Сантош, но бразилскиот гигант токму поради судскиот случај против него реши да не го потпише поранешниот ас на Реал Мадрид, Милан, Манчестер Сити…

Се вчитува...