Меѓународната автомобилска федерација, ја одби денеска жалбата на Ферари за казната на возачот Карлос Саинц, кој го загуби четвртото место во трката за ГН на Австралија во Мелбурн.
Саинц на трката на 2. април во Австралија, доби казна од 5 секунди поради тоа што по повторениот старт во претпоследниот круг удри во Фернандо Алонсо, возачот на Астон Мартин.
Траката е завршена зад безбедносното возило, па Саинц после казната од пет секунди од четвртото место, падна на 12. место и не освои ниту еден бод.
Ферари бараше да се преиспита одлуката, но барањето е одбиено. Ферари како аргумент го спомена сонцето, кое наводно му пречело на Саинц и поради тоа не можел да забави и да го избегне сударот со Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА