Врховниот суд на Шпанија ја одби жалбата на Нејмар, по што овој бразилски фудбалер ќе мора да се појави во судница и да сведочи за наводната корупција и нерагуларностите при неговиот трансфер од Сантош во Барселона во 2013 година. Шпанското обвинителство бара од Националниот суд во Мадрид да го казни Нејмар со двегодишна затворска казна, како и со парична казна од 10,6 милиони американски долари, а исто така и Сантош и Барселона да бидат казнети со 9, односно со 7 милиони долари.
„Жалбата на Сантош, Барселона, Нејмар, неговата мајка Надин Гонкалвеш и компанијата „Н&Н“ да се одбијат обвиненијата за измама и за корупација се одбиени. На оваа одлука нема право на жалба“, е наведено во соопштението на суд.
Овца значи дека судскиот процес започнува и дека Нејмер и другите обвинети страни ќе мораат да се појават за да дадат свои искази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА