Победата на Барселона над Осасуна е регуларна, откако шпанската фудбалска федерација ја одби жалбата за гостите за неправилен настап на фудбалерот Ињиго Мартинез, јавија медиумите во Шпанија.
Осасуна поднесе жалба сметајќи дека Ињиго Мартинез не смеел да игра на овој дуел, меѓутоа истата беше одбиена како неоснована.
Осасуна исто така најви дека ќе се жали по вторпат, но тешко дека шпанската федерација ќе ја смени одлуката. Оваа одлука во голема мера може да влијае и за титулата, со оглед дека Барселона бега само четири бода на Реал Мадрид на чело на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА