Француската федерација ја одби жалбата на тимот на ПСЖ во врска со пресудата за Килијан Мбапе. Францускиот фудбалер го тужеше својот поранешен клуб, и побара исплата отштета во висина од 55 милиони евра.
Тоа значи дека тимот од Париз ќе мора да му ги исплати овие пари на фудбалерот, кој сега настапува за Реал Мадрид.
Францускиот првак одбиваше да му плати на Мбапе, па францускиот фудбалер се одлучи да поднесе тужба. Судот пресуди во негова корист, а на ова ПСЖ поднесе жалба која е одбиена.
Има уште малку надеж дека „светците“ може да се спасат, но се поголеми се шансите дека ќе мора да му ги исплатат парите на својот доскорашен играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА