УЕФА денеска и официјално ја одби жалбата на Фудбалскиот Сојуз на Србија, практично потврдувајќи ги казните што беа изречени за нашиот северен сосед по последните две средби од Лигата на Нации, против селекциите на Швајцарија и Данска.
УЕФА во декември ги казни Србите за однесувањето на навивачите на гостувањето во Швајцарија, како и за инцидентите на трибините во Лесковац на домашниот меч со Данска.
Иако беше поднесена жалба и за двете казни, изречените санкции останаа на сила, па така ФСС ќе треба да плати над 170.000 евра, но и ќе има забрана за гостински навивачи на следните два меча од квалификациите за СП, еден од нив и дуелот со Албанија што ќе се игра во Тирана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА