Одбиена жалбата: Престијани не смее да игра на реваншот со Реал

Бенфика дефинитивно ќе биде ослабена за вечерашниот реванш против Реал Мадрид со неиграњето на Џанлука Престијани, чија суспензија останува на сила по скандалот на првиот меч и сериозните обвинувања дека овој фудбалер расистички го навредувал Винисиус по постигнувањето на единствениот гол на дуелот во Лисабон.

УЕФА пред неколку дена објави дека Престијани ќе остане суспендиран додека истрагата е во тек, но Бенфика поднесе жалба, а потоа и реши да го доведе фудбалерот во својата експедиција за Мадрид, во надеж дека апелацијата на УЕФА ќе даде зелено светло за негов настап на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ со образложение дека „секој е невин додека со истрага не биде докажано спротивното“.

Сепак, комисијата за апелација при УЕФА попладнево се огласи по жалбата на португалскиот гигант, обелоденувајќи дека истата е одбиена и дека Престијани ќе остане суспендиран се до конечната одлука по дисциплинската постапка спроведена против него.

Се вчитува...