Србинките продолжуваат со одличните игри на одбојкарскиот турнир во женска конкуренција на Летните олимписки игри во Токио. Овојпат на менито на Србија беше Кенија која ја добија како и претходните два меча со максимални 3-0 (25-21, 25-11 и 25-20). Најдобар поединец на мечот беше Бранкица Михајловиќ со 17 освоени поени, која на претходниот меч против домаќинот Јапонија доби поштеда од селекторот Зоран Терзиќ.
Одличен и неизвесен натпревар одиграа Русија и Кина кој со 3-2 го добија Русинките (25-17, 23-25, 20-25, 27-25 и 15-12). Во останатите мечеви кои досега беа одиграни Италија рутински ја совлада Аргентина со 3-0 (25-21, 25-16 и 25-15), додека Јужна Кореја во пет сета беше подобра од Доминиканска Република.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА