Одбојкар пронајден мртов под урнатините во Турција

Бројот на загинати спортисти во катастрофалниот земјотрес кој го погоди југоисточниот дел на Турција и натаму расте. Вчера беше објавена веста дека голманот на Малатијаспор Ахмет Ејуп Туркаслан е пронајден мртов под урнатините, а потоа стигна и уште една лоша вест за пронаоѓањето на безживотните тела на одбојкарскиот брачен пар Бетул Чобан Чакир и неговата сопруга Бедретина.

Сега е објавена вест за нова смрт на спортист. Станува збор за 27-годишниот одбојкар Еминчам Кочабаш кој е пронајден под урнатините во градот Малатија.

Веста за неговата смрт ја потврди клубот Ескишехирспор на социјалните мрежи.

„Со огромна тага ја примивме веста дека нашиот одбојкар Еминчан Кочабаш го изгуби животот во потресите во Малатија. Нему и на неговото семејство му посакуваме Божја милост“, стои во објавата.

Се вчитува...