Синоќа во Италија на суперкуп меч помеѓу Луве Цивитанова и Перуџана се случи хорор сцена по која за миг на сите им застана здивот. Одбојкарот на гостите, Џилфредо Леон, се лизна и незгодно падна, по што со глава удри директно во паркетот и остана да лежи неподвижен.
Лекарската екипа веднаш втрча на теренот за да му пружи помош на Перуџа, кој за среќа брзо застана на нозе. Неговиот клуб набрзо потоа се огласи со соопштение во кое порачаа дека одбојкарот се чувствува добро.
Леон пет години беше кубански репрезентативец, а во моментов настапува за репрезентацијата на Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА