Македонската одбојкарска репрезентација минува низ комплетно транзициски период со промена на генерацијата која настапи пред две години на Европското првенство во Македонија. Па, во таа насока се очекуваа и натпреварите од Европската Златна лига на ЦЕВ како подготовка на тимот за главниот предизвик ова лето, августовските квалификации против Грција и против Грузија за пласман на ново Европско првенство.
Но, избраниците на Јошко Миленкоски, со денешната победа над Црна Гора во Струмица се изборија за 9. место меѓу 12 репрезентации во Златната лига, и останување во истата и следната сезона, со што демонстрираа дека Македонија има генерација и за идни успеси во одбојкарскиот спорт.
Сето тоа повеќе од доволно за одбележана радост заедно со своите верни навивачи во Струмица, но и со знамето на крушевската чета. Па, популарните „спартаци“, овој пат, триумфот над Црна Гора го одбележаа како „илинденци“, испраќајќи позитивен импулс пред повеќе од значајните квалификациски дуели против Грција и против Грузија, преку кои македонската спортска јавност очекува ново место на Македонците меѓу најдобрите во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА




















