Македонската одбојкарска репрезентација денеска во Валчеа ќе го одигра официјалниот пријателски натпревар со Романија во рамките на подготовките за настапите во Златната лига на ЦЕВ.
Вчера македонските одбојкари, под водство на новиот селектор Хари Наковски, освоија три од одиграните пет сета против Романците на заеднички, еден вид, натпреварувачки тренинг.
Капитенот Никола Ѓорѓиев освои 20 поени, Филип Савовски освои 10 поени, шест заработи Илиев, по четири поени Арсов и Маџунков, Ефремов доби три поени, а по два поени освоија Бошков, Стојанов, Милев и Ѓорѓи Ѓорѓиев.
По денешниот пријателски натпревар селекцијата се враќа во Струмица на завршни подготовки за почетокот на Европската златна лига која почнува на 17. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА