Одбојкарите ги почнуваат финалните подготовки за Европското првенство, се враќа и повредениот Маџунков

Македонската одбојкарска репрезентација по еднодневната пауза по учеството на Меморијалот „Чајка“ од денеска стартуваат со финалните подготовки во СЦ „Борис Трајковски“ за настапот на Европското првенство кое од 30. август стартува во Скопје.

За избраниците на селекторот Јошко Миленкоски следи фналната подготвителна фаза по одигрувањето на тест натпреварите.

„Може да искажам задоволство од досегашниот тек на подготовките. Го реализиравме тоа што го планиравме, секако утврдени се одредени недостатоци кои ќе мора да ги корегираме. Имаме доволно време до почетокот на шампионатот, и мислам дека максимално подготвени ќе го дочекаме Европското првенство“ – вели селекторот Миленковски.

На тренинзите од денеска се враќа и повредениот Филип Маџинков кој ја санираше повредата на коленото.

Првиот натпревар на Европското првенство Македонија го игра против Данска на 30. август. Данците наредниве денови ќе одиграат четири контролни натпревари на турнир во Хрватска.

Се вчитува...