Македонската одбојкарска репрезентација доживеа и втор пораз на тест-дуелите со Србија, и денеска со еден освоен сет, 1-3 (17-25, 26-28, 25-23, 23-25).
Денеска, македонските одбојкари одиграа далеку понеизвесен меч со Б-тимот на селекцијата на Србија, во однос на оној вчерашниот против најсилниот српски состав.
Србите успеаја да го добијат нешто поубедливо единствениот првиот сет, додека сите останати беа неизвесни до самата завршница. Во израмнета завршница во четвртиот сет имавме можност и за израмнување, но со два врзани поени во финишот Србите дојдоа до победата.
Пријателските натпревари со Србија беа последен тест за Македонија пред стартот на првиот турнир во „Сребрената лига“. Македонија ќе биде домаќин во Струмица од 21. до 23. мај.