Македонската одбојкарска репрезентација го загуби и вториот контролен натпревар од Романија на гостувањето во Крајова. Националниот тим одигра многу поквалитетно од вчерашниот прв тест, освои два сета, но не успеа да дојде до триумф.
Првиот сет македонската репрезентација го доби со 25-23, а вториот со 25-20. Потоа следеше драстичен пад во нашата игра и три загубени сета во кои во третиот освоивме 18, во четвртиот 10, а во петтиот – 12 поени.
Вчера македонските одбојкари беа поразени од Романија со 3-0 во сетови.
Одбојкарите се враќаат во Скопје, следниот викенд ќе играат два натпревара против Шведска, последниот викенд од август е закажан турнирот „Чајка“ на кој ќе учествуваат заедно со репрезентациите на Белгија, Бугарија и на Украина. Последните контроли ќе бидат на почетокот на септември во двомечот против Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА