Одбојкарската репрезентација на Македонија го доби (тренинг натпреварот) против Австрија со максимални 3-0 по сетови (25-23, 25-23 и 25-23).
Избраниците на селекторот Матијашевиќ утре ги очекува уште еден меч со соодветната репрезентација, кој овојпат ќе биде официјален.
Македонската репрезентација по дводенвиот престој во Австрија, заминува за Марибор, а од таму за Љубљана каде ја очекува првот историски дуел на Европските првенства, против Финска на 12. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА