Одбојкарите ќе играат квалификации во јануари, вториот турнир ќе биде во Македонија

Македонската одбојкарска репрезентација наместо во август и септември, квалификациите за пласман на ЕП 2021 ќе ги одигра во јануари следната година. Ова е денешната одлука на ЦЕВ која го промени и форматот на квалификацискиот циклус. Наместо првично планираните средби дома – гости со сите селекции од групата, ќе бидат одиграни два квалификациски турнири. Македонија ќе биде домаќин на вториот турнир на почетокот на 2021 година, од 14. до 17.јануари.

Претходно, првата половина од квалификациите, турнирски ќе се одигра во Данска од 7. до 10. јануари.

Во групата заедно со Македонија и со Данска се и репрезентациите на Турција и на Босна и Херцеговина, а пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат првопласираните селекции, како и најдобрите пет второпласирани од седумте квалификациски групи.

 

Се вчитува...