Одбојкарите на ЕП ќе играат во Љубљана против Словенија, Русија, Финска, Турција и против Белорусија

Одбојкарската репрезентација на Македонија во историскиот прв настап на Европско првенство ќе биде дел од групата Ц во Љубљана и ќе игра против домаќинот Словенија и селекциите на Русија, Финска, Турција и против Белорусија. Вака одреди ждребот за прелиминарната фаза кој се одржа во Брисел.

Ова е прво Европско првенство на кое ќе играат 24 селекции и ќе се одржи во септември во четири земји. Во осминафиналето ќе се пласираат по четири репрезентации од секоја група.

Македонските одбојкари на чудесен начин во финишот од квалификациите успеаја да обезбедат место на Европското првенство. На крајот беа второпласирани во групата и заедно со Украина се пласираа во друштвото на 24 најдобри селекции на континентот.

ГРУПА А (Монпелје)

Франција

Италија

Бугарија

Португалија

Грција

Романија

ГРУПА Б (Антверпен)

Белгија

Србија

Германија

Словачка

Шпанија

Австрија

ГРУПА Ц (Љубљана)

Словенија

Русија

Финска

Турција

МАКЕДОНИЈА

Белорусија

ГРУПА Д (Ротердам-Амстердам)

Холандија

Полска

Чешка

Естонија

Украина

Црна Гора

 

Се вчитува...