По почетниот пораз од домаќинот Финска (1-3) македонската одбојкарска репрезентација денеска против Холандија го игра вториот натпревар на Европското првенство 2021.
Филип Деспотовски е свесен за пропустите во играта на првиот дуел, но е сигурен дека од натпревар ќе биде се подобро. Тоа ќе се покаже уште на денешниот дуел против Холанѓаните.
„Мислам дека на дуелот со Финска паднавме на некои ситни елементи. Го почнавме натпреварот во грч, потоа следеа и некои несоодветни судиски одлуки. Потоа се вративме назад во игра, но немаше време до крај комплетно да се вратиме за да може да ја загрозиме победата на домашните“ – вели Деспотовски, притоа дополнувајќи:
„Дојдени сме да играме до крај. Нема откажување. Ќе биде се подобро. Како и на претходното Европско првенство од натпревар на натпревар ќе биде се подобро“.
Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра со почеток од 19 часот, со директен преност на МРТ1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА