Одбојкарската репрезентација на Полска е првиот полуфиналист на Летните олимписки игри во Париз откако славеше со 3-1 над Словенија потврдувајќи ја фаворитската улога.
Полјаците го добија првиот сет со 25-20 за водство, а откако Словенија успеа да изедначи добивајќи го вториот сет со 26-24, фаворитите ги земаа работите во свои раце добивајќи ги преостанатите два сета со 25-19 и 25-20.
Во полуфиналето Полска за противник ќе го има подобриот од средбата помеѓу САД и Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА