Одбојкарите на САД во 1/4 финалето го елиминираа Бразил, и си закажаа меч со Полска во полуфиналето на ЛОИ во Париз. Американските одбојкари со 3-1 во сето ги совладаа „кариоките“, и одново ги оставија без медал од Олимписките игри.
САД отвори со 1-0 во првиот сет откако го доби со 26-24. Во вториот Бразил врати, и израмни откако славеше со 30-28. Доминацијата САД ја потврди добивајќи ги последните два сета со по 25-19.
Во второто полуфинале ќе играат Италија – Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА