Одбојкарите на Србија, по 12 години без учество, повторно ќе бидат дел од олимпискиот одбојкарски турнир на ЛОИ 2024 во Париз.
Србите се пласираа на ЛОИ 2024 откако Полска успеа да слави против Куба со 3-0, и на тоа и овозможи на Србија да ја добие последната олимписка виза.
Ако Куба ја победеше Полска, тогаш на Србија вечерва ќе и беше неопходна победа над Словенија. Србија на светската одбојкарска ранг листа е на 10.место со 260,07 бода, а Куба по поразот од Полска е на 11. место со 249,34 бода и сега веќе не може да ја загрози позицијата на Србија која и носи Олимписки игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА