Одбојкарите на Струмица немоќни против големиот фаворит Динамо Букурешт во ЦЕВ Лигата на шампионите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица загуби убедливо од големиот фаворит Динамо Букурешт во првиот натпревар на стартот од квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите.

Струмичани на дуелот во “Јане Сандански” загубија убедливо во три сета со 18-25, 20-25 и 19-25, без можност за изненадување.

Подмладениот состав на Струмица пружи квалитетен отпор, но не можеше да го избегне поразот.

Ова е четврта година во низа како Струмица е дел од ова натпреварување, но првакот доби тешка задача во првата рунда – најтрофејниот романски клуб Динамо Букурешт.

 

Се вчитува...