Одбојкарите на македонскиот шампион Струмица денеска повторно на европската сцена, на реванш-пресметката против Динамо Букурешт во ЦЕВ Лигата на шампионите.
По првиот пораз на домашен терен од 0-3, за подмладениот состав на струмичани ова е само обид за ново европско искуство.
„Оваа сезона играме со млади, гладни за докажување играчи, поддржани од нашите репрезентативни легенди – Владо Милев, Филип Маџунков и Тиме Ричлиев. Нашата мисија е јасна: да ја градиме иднината на македонската одбојка тука, во Струмица, и да ја покажеме силата на новата генерација“ – истакнуваат од ОК Струмица пред денешниот дуел во Букурешт.
Натпреварот во Букурешт се игра со почеток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

