Одбојкарите на македонскиот шампион Струмица загубија и во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите кој се игра во Бургас.
По вчерашниот пораз од домашниот Нефтохимик, младиот состав на струмичани кој на овој турнир не може да смета на странските засилувања, денеска загуби со идентични 3-0 во сетови и од црногорскиот шампион Будва.
Македонскиот тим загуби со 25-15, 25-16 и 25-16 во сетови, без никакви шанси за евентуално изненадување. Најдобар кај Струмица беше искусниот репрезентативец Владо Милев со 12 поени, додека Глобоцки заврши со седум поени.
Во последното коло од квалификацискиот турнир утре Струмица игра со унгарски Фино Капошвар, но реално без шанси за освојување на едно од првите две места во групата кои водат во следната фаза од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА