Одбојкарите на Струмица ја освоија шампионската титула сезона во Првата лига на Македонија, откако и во третиот меч од финалната плејоф серија славеа против составот на Пробиштип.
Струмичани стигнаа до нова убедлива победа од 3-0 во сетови против Пробиштип, со што во три натпревари со 3-0 во серијата стигнаа до шампионската круна. Сосема заслужено комплетно доминирајќи низ трите финални средби избраниците на Кире Ричлиев стигнаа и до втората титула сезонава во Македонија.
„Пресреќни сме што успеавме да стигнеме до посакуваниот трофеј и во првенството на убедлив начин, против квалитетна екипа како што е Пробиштип. Овие две титули сигурно се само мотив повеќе во ист ритам да се продолжи и низ следните шампионати“ – истакна по добивањето на шампионскиот пехар тренерот на ОК Струмица, Кире Ричлиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА