Одбојкарите на Струмица вечерва во Бургас ги почнуваат натпреварите од квалификациите во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Oдбојкарите на македонскиот шампион Струмица вечерва во Бургас против бугарскиот Нефтохимик со првиот натпревар од 1. квалификациско коло ги почнуваат своите настапи во Лигата на шампионите на ЦЕВ.

Нефтохимик Бургас е главниот фаворит за првото место во квалификациската група, но струмичани предводени од тренерот Кире Ричлиев веруваат дека може да демонстрираат квалитетна претстава на патот до поволен резултат.

„Имавме проблеми околу екипата и со добивањето дозволи за одредени играчи, но успеавме да се комплетираме па сега ни останува да дадеме максимум и да го покажеме најдоброто на секој натпревар. Ќе направиме добра тактика и верувам дека ќе можеме да извлечеме поволни резултати“ – вели Ричлиев пред дуелот во Бургас.

Покрај Нефтохимик и Струмица во групата која се игра во Бургас се уште и унгарски Капошвар и Будва од Црна Гора. Македонскиот шампион со Унгарците и Црногорците ќе се бори за второто место кое исто така води во второто квалификациско коло од ЛШ.

Натпреварот меѓу Нефтохимик и Струмица во Бургас се игра вечерва со почеток од 19 часот.

Се вчитува...