Oдбојкарите на македонскиот шампион Струмица ги завршија европските настапи сезонава откако загуби и во вториот меч од 1/16-финалето во Купот на ЦЕВ на гостувањето против германски Дирен вечерва покажаа дека не случајно и оваа есен се дел од европските купови.
Составот на Кире Ричлиев без интернационалците од Тунис, кои не добија виза за влез во Германија, настапи вечерва против Дирен но пружи сосема квалитетен отпор на фаворитот, во мечот кој го загуби со 3-0 (25-18, 25-19 и 25-23).
Деан Глобоцки со 13 поени беше најдобар поентер во редовите на Струмица, Владо Милев заврши со 11 поени а Славе Наков запиша седум поени зад своето име.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА