Одбојкарите на УГД Штип се победници во Купот на Македонија

Одбојкарите на УГД Штип и третпат едноподруго го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето на тридневниот турнир славеа против Борец Велес со 3-1 во сетови.

Штипјани го освоија првиот сет со 25-17, но потоа возврати и Борец со одлична игра во вториот сет добивајќи го со 22-25.

Низ максимална борба во третиот сет, на крај го доби УГД Штип со 32-30, и тогаш веќе се насети победникот во финалето. Штипјани го добија и четвртиот сет со 25-13, за конечна победа и нов пехар во Купот на Македонија.

Се вчитува...