Одбојкарите очекуваат силна поддршка во Струмица – Слободен влез за мечот со Црна Гора!

Македонската машката одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот во Струмица, против Црна Гора, го игра последниот натпревар од третиот турнир во Европската златна лига.

Како што информираат од Одбојкарската федерација на Македонија, вратите во спортскиот центар „Парк” во Струмица ќе бидат широко отворени за љубителите на одбојката, а натпреварот ќе има и директен ТВ пренос на националниот сервис.

Македонските одбојкари очекуваат силна поддршка од љубителите на одбојката во Струмица во надеж за нова победа во Европската лига, која пред се претставува подготовка за августовските квалификации за Европското првенство.

Се вчитува...