Македонските одбојкарски репрезентативци противниците за групната фаза во дебитантскиот настап на Европското првенство во септември ќе ги очекуваат од четвртиот квалитативен шешир. Европската одбојкарска конфедерација ги смести нашите најдобри одбојкари во конкурнецијата заедно со Шпанија, Украина и со Грција, селекции со кои нема да може да се соочиме во прелиминарниот сегмент.
Четирите репрезентации домаќини на шампионатот се веќе поделени како носители во четирите конкурнеции, Франција во групата А, Белгија во групата Б, Словенија во групата Ц и Холандија во групата Д. Системот на извлекување ќе тргне од првиот шешир во кој се селекциите на Русија, Србија, Полска и на Италија, а потоа редослено од следните шешири.
Во вториот квалтитивен ранг се Бугарија, Германија, Чешка и турнциоја, во третиот се Финска, Естонија, Словачка и Португалија и во петтиот се позиционирани репрезентациите на Белорусија, Црна Гора, Романија и на Австрија.
24-те репрезентации учеснички во првиот натпреварувачки сегмент ќе бидат поделени во четири конкуренции со по шест селекции. Првенството ќе се одржува од 12 до 29 септември годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА