Македонските одбојкари се пред нов предизвик во Сребрената Европска лига. Ги одбројуваат последните денови пред стартот и новиот предизвик. Селекторот Љубомир Травица има одредени кадровски проблеми, меѓутоа се обидува да ги пронајде најдобрите решенија пред првиот меч со Косово в недела. Ќе мора во од да се решава ситуацијата, но јасно е дека квалитетот е сепак наш адут.
Македонската селекција без разлика на исходот и пласманот во групата ќе биде дел од Ф4 турнирот, бидејќи ќе биде домаќин на завршницата од Лигата закажана за 15 и 16 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА