Македонската одбојкарска репрезентација се посилно е фокусирна на почетокот на Европското првенство кое го почнува против Финска. Подготвките и контролните натпревари се во завршна фаза. Триумфот над Бугарија на турнирот „Чајка“ е ветувачки сигнал за капитенот, Никола Ѓорѓиев во пресрет на дебитантски настап на еврошампионатите.
„По натпреварот со Бугарија сум убеден дека против Финска на отворањето на ЕП ќе бидеме добри. Пред мечот со Бугарите бев скептичен, но сега гледаме дека ќе биде добро. Не правиме навни грешки, ако ја повториме играта од тој натпревар, Финска сигурно паѓа“ – вели Ѓорѓиев.
Капитенот не пропушта секако да потсети дека простор и обврска за подобрување има, особено во одбраната и блокот.
Во досеганиит дел од подготвките, одбојкарската селекција има биланс од четри порази и две победи во контролните натпревари. До почетокот на Европското првенство, одбојкарската репрезентација ќе ги одигра и контролните натпревари против Австрија, в петок и во сабота. Потоа ќе следува трансфер во Словенија неколку дена пред почетокот на шампионатот. Против Финска во првто коло од групната фаза играме на 12. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА