Одбојкарската репрезентација на Македонија претрпе пораз на првиот од двата пријателски натпревари против Бугарија, како дел од меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Бугарите пристигнаа со значително подмладен состав во Скопје, а македонските одбојкари го искористија тоа и наметнаа силно темпо, поведувајќи со 2-0 во сетови.
„Црвено-жолтите“ делуваа сигурно од самиот почеток, триумфираа во првиот сет со 25-20, во вториот поведоа со 25-22 и се чинеше дека рутински ќе дојдат до победата. Сепак, во продолжението дојде до огромен пад во играта на македонските одбојкари. Противникот се врати, во третиот сет победи со 20-25, а во четвртиот беше поуспешен со убедливи 14-25.
Тајбрејкот почна подобро за македонските одбојкари, кои имаа три врзани меч-топки, кои сепак останаа неискористени. Казната стигна кога бугарскиот блок го запре Љафтов, со што противникот триумфираше со конечни 17-19.
Македонија и Бугарија утре ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА