Одбојкарската репрезентација на Македонија забележа триумф на првиот дуел од двомечот со Шведска, како дел од подготовките за ЕП 2019. Скандинавците се покажаа како незгоден ривал, мечот донесе максимално израмнета игра, за Македонија сепак со подобра игра во завршницата да слави со 3-2 во сетови.
Швеѓаните изненадија во првиот сет добивајќи го со 18-25, но Македонија возврати со одлично издание во вториот (25-21) и пред се во третиот сет (25-11). И кога се очекуваше да се продолжи во добра игра и да се осигура победата, во четвртиот сет дојде до голем пад во нашата игра, што противникот го доби со 14-15. Мечот беше решен во тајбрејк, а во него по голема битка триумфираа македонските одбојкари со 16-14.
Македонија и Шведска в недела ќе одиграат уште еден контролен дуел, повторно во СРЦ „Кале“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА