Одбојкарската репрезентација на Македонија славеше на првата контрола како дел од подготовките за Европското првенство против репрезентацијата на Романија.
„Црвено-жолтите“ беа подобри од противникот со кој ќе се сретнат и утре со 3-1, по сетови 25-23, 21-25, 25-18 и 25- 21.
Првиот сет го доби Македонија со 25-23, потоа Романците изедначија на 1-1, добивајќи го вториот сет со 25-21. Во третиот сет, македонските одбојкари одиграа маестрално и го добија со 25-18.
Во четвртиот сет само рутински беше завршена работата за 25-21 и конечен триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА