Одбојкарската репрезентација на Македонија, претрпе пораз од Чешка на натпревар од Златната лига одигран вечерва во Струмица. Чешките одбојкари ја оправдаа улогата на фаворит, и на крајот славеа со највисоки 3-0.
Чесите уште од почетокот на натпреварот наметнаа високо темпо, дојдоа до предност и само ја зголемуваа, без шанса за Македонија да се доближи. Истата слика во сите три сета, кои ги добија гостите убедливо (16-25, 15-25, 16-25).
Македонија го претрпе и вториот пораз во Златната лига. Пред два дена Македонија беше поразена од Естонија со 3-1. Следниот меч е против Азербејџан на 25. мај, а потоа следува и меч со Белгија. На 31. мај Македонија ќе игра против Хрватска, а на 1. јуни противник ќе биде Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА