Одбојкарската репрезентација на Македонија го забележа првиот пораз во годинашното издание на Европската сребрена лига, откако на гостувањето кај Романија загуби со 3-2, по сетови (25-22, 25-17, 23-25, 19-25 и 15-13).
Иако успеаја нашите репрезентативци да се вратат од негатива од 2-0, на крајот не успеаја да стигнат до целосен пресврт.
Нашите одбојкари подобро го отворија првиот сет и ја имаа почетната предност. Сепак, падот во средината на овој сет беше клучен за негатива од 1-0, откако Романците успеаја да го освојат со 25-22. Лошата игра продолжи и во вториот сет во кој домаќинот рутински стигна до 2-0 (25-17).
„Црвено-жолтите“ одиграа подобро во третиот сет, но имаа негатива се до неговиот финиш. Тука Ѓорѓиев и соиграчите заиграа на високо ниво и успеаја да го добијат сетот со 23-25 и да намалат на 2-1. Одличната игра продолжи и во четвртиот сет кој го добија со сиугрни 19-25 и израмнија на 2-2.
Во тај-брејкот „спартанците“ немаа сила и на крајот загубија со 3-2 (15-13). Капитенот Никола Ѓорѓиев со 11 поени повторно беше прво име во таборот на Македонија, додека кај победникот Адриан Ачобаниети заврши со 11 поени.
И покрај поразот нашите репрезентативци на домашен терен против Романија со победа ќе може да атакуваат на првото место во групата Б.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА