Одбојкарите поразени на втората контрола со Шведска

Одбојкарската репрезентација на Македонија претрпе пораз од 2-3 во сетови во вториот дуел од двомечот со Шведска, што се одигра вечерва во СРЦ „Кале“. Слично како и на претходниот меч, можеше да се проследи израмнета одбојка во пет сета, со таа разлика што овојпат во тајбрејкот поумешни беа Швеѓаните, реванширајќи се за поразот од пред два дена.

Скандинавската селекција го контролираше резултатот, поведе со 0-1 во сетови, по што нашите одбојкари израмнија на 1-1 (25-20). Третиот сет повторно му припадна на противникот (20-25), во наредниот возвративме добивајќи го со 25-21, но кога беше најважно посмирени беа шведските одбојкари, кои триумфираа во решавачкиот сет со 25-21.

Селекторот Матијашевиќ имаше можност уште еднаш да ги види на дело одбојкарите, на кои им претстојат уште неколку контролни средби пред стартот на вистинскиот предизвик – премиерниот настап на едно Европско првенство.

Се вчитува...