Одбојкарите поразени од Австрија на последната контрола пред ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз го заврши подготвителниот период пред настапот на Еврпското првенство на кое грпната фаза ќе ја игра во Словенија. На гостувањето во Виена, најдобрите македонски одбојкари загубија од домашната селекција со 3-1 во сетови.

Нашиот тим го доби само вториот сет со 25-21 и израмни на 1-1 откако претходно Австријците беа поуспени во воведниот сет со 25-19. Со 25-21 австриските одбојкари го довија третиот сет за предност од 2-1, а победата ја заверија откако во четвртиот сет беа поуспешни со 25-20. Вчера, на првата контрола со Австрија, македонскиот состав славеше со 3-0.

Македонските одбојкари од Виена директно патуваат за Словенија каде што е имаат неколку дена за привикнување и финални корекции пред воведниот натпревар на Европското првенство, против Финска на 12. септември. Во прелиминарната група, со нашиот сосотав се и селекции на Турција, Белорусија, Русина и на домаќинот Словенија.

Се вчитува...