Одбојкарите поразени од Бугарија за крај на „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најдобрите македонски одбојкарки загубија со 0-3 (20-25, 26-28, 23-25) од Бугарија во вториот натпревар на меѓународниот меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”.

Како и пред два дена така и денеска Македонија се надигруваше со противникот во текот на целиот натпревар, но немавме конкретен одговор во финишот на сетовите, особено во вториот во кој имавме и сет топка во два наврати.

Капитенот Никола Ѓоргиев освои 15 поени, Филип Савовски запиша 13 поени, додека Александар Љафтов реализираше седум поени, а Костиќ заврши со шест поени.

За македонските репрезентативци ова беше последна проверка на силата во пресрет на евро-квалифилациските дуели со Грција (13 август) и Грузија (17 август).

 

Се вчитува...