Македонија загуби од Израел со 3-1 (31-29, 14-25, 25-23, 25-19) на денешниот контролен натпревар во пресрет на 48. издание на меморијалот “Чајка”.
Љафтов беше најефикасен кај нас со 15 поени, Никола Ѓорѓиев освои 14, Савовски 11, Маџунков 9, Милев заработи 5, Арсов и Илиев по 4, Ефремов 2, а Лепидовски, Ефтим Ричлиев и Костиќ по 1.
Селекторот Хари Наковски повторно ги користеше сите играчи знаејќи дека секој може да даде соодветен придонес во двата квалификациски натпревара за ЕП 2026 (Грузија 17., Грција 25. август).
Подготовките за нив ќе продолжат со утрешниот дуел со Косово и саботниот со Израел во салата „Парк“ во Струмица, двата од 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА