Одбојкарската репрезентација на Македонија и во третиот обид не успеа да стигне до трофејот во Европската сребрена лига, откако во финалето овојпат беше поразена од Данска со 3-1, по сетови (25-23, 19-25, 25-27 и 19-25).
Македонија подобро го отвори првиот сет контролирајќи го резултатот во поголемиот дел. Сепак, на крајот Данците успеаја да се приближат, но сепак „црвено-жолтите“ успеаја да ја задржат предноста и на крајот да ја добијат првата игра со 25-23.
Во вториот сет Данска заигра многу подобро и во средината на сетот успеа да се одвои и до крајот да ја задржи предноста за израмнување на 1-1.
Вистинска битка се водеше во третиот сет. Данците подобро отворија, но следуваше серија на нашиот тим кога на сервис беше Ѓорѓи Ѓоргиев. Проработе блокот, а бевме одлични и во дефанзива па лесно успеавме да се вратиме во игра за овој сет. Израмнетата игра продолжи до финишот, а во целата ситуација подобро се снајдоа Данците и успеаја да го освојат со 27-25 и да дојдат на чекор до освојување на Европската сребрена лига.
За жал „спартанците“ не успеаја да направат пресврт губејќи го четвртиот сет со 19-25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА