Одбојкарската репрезентација на Македонија во второто коло го претрпе и својот втор пораз на Медитеранските игри во Тарагона, овојпат на дуелот со домашната селекција на Шпанија. За разлика од вчерашниот дул со Египет на кој освоија два сета, нашите одбојкари овојпат одиграа уште послаб меч, губејќи со максимални 3-0.
Иако во Тарагона настапуваме со својот најсилен состав, против Шпанците делувавме почетнички, разликата во класи беше очигледна, а домаќините експресно си ја завршија работата на патот до својотт прв триумф. Првиот сет заврши 25-16, во вториот освоивме два поени помалку, за во третиот да ја минеме границата од 20 освоени поени, за конечни 25-22.
Со два порази во групата, нашите одбојкари не успеаја да стигнат до четвртфиналето и да го продолжат настапот во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА