Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва на домашен терен против Босна и Херцеговина го почнуваат настапот годинава во Европската сребрена лига. Цел на нашата репрезентација е конечно освојување на ова натпреварување, откако лани на домашен терен бевме поразени во финалето од Данска.
Капитенот на репрезентацијата, Никола Ѓорѓиев пред мечот со БиХ вели дека не ги познаваат многу добро, но дека одат на победа.
„Искрено, не ја познаваме многу селекцијата на Босна и Херцеговина. Имаат два нови примачи, ново либеро и два нови средни блокери. Се надеваме и ќе играме за победа. Не би кажал дека сме фаворити, но ќе се бориме за секоја топка. Ќе го дадеме максимумот за да ја израдуваме македонската публика и да ја отвориме оваа Европска сребрена лига со победа“, изјави Ѓорѓиев.
Натпреварот меѓу Македонија и Босна и Херцеговина која ќе се игра во арената „Борис Трајковски“ во Скопје е со почеток во 20.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА