Македонските одбојкари попладнево од 14 часот во Тбилиси со мечот против Грузија ги започнуваат квалификациите за пласман на Европско првенство во 2026 година.
Македонија во желбата и за трето едноподруго учество на ЕП, сега преку Грузија и Грција на пат кон најдобрите на Стариот континент.
Селекторот Хари Наковски со видни промени во националниот тим, сепак, верува дека ќе биде оправдана фаворитската улога против Грузијците и ќе се дојде до првата победа во Групата Ф.
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија ќе биде пренесува на Арена Спорт 4. Следниот квалификациски натпревар на македонските одбојкари е на 25. август на домашен терен против Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА