Македонската одбојкарска репрезентација ќе се соочи со Хрватска во полуфиналето на Ф4 турнирот во Сребрената Европска лига. Вака реши денешната ждрепка за полуфиналните двојки на завршниот турнир на четирите најдобри селекции кој што ќе се одржува во Скопје на 15 и на 16 јуни.
„На Ф4 турнирот нема лесни противници. Хрватска е квалитетен состав и го потврди тоа со натпреварите во Европската лига сезонава. За нас е најзначајно да ги искористиме претстојните денови за да се подготвиме затоа што веке немаме право на грешка. Мора да играме подобро во однос на групната фаза особено во однос на натпреварите со Австрија и со Летонија. Исто така ќе мора да играме константно“ – вели селекторот, Љубомир Травица откако нашиот тим го доби противникот.
Македонската одбојкарска репрезентација во групната фаза забележа биланс од два победи и четири порази. Триумфите и беа против селекцијата на Косово, додека ги загубивме дуелите и со Австрија и со Летонија. Противникот, Хрватска, пак, беше многу поуспешна, забележа пет победи и само еден пораз, на гостувањето кај најдобрата селекција во групата, Белорусија.
Белорусите во втората полуфинална пресметка на Ф4 турнурот ќе играат против Летонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА